Денес роденден слави нашиот познат режисер, писател и драматург Братислав Димитров

Братислав Димитров е роден на 22 март 1952 година во Скопје. Тој е познат македонски театарски и филмски режисер, писател и драматург.

Дипломирал на факултетот за драмски уметности во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Триесет и осоум години бил драматург во Македонскиот народен театар две години директор на Театарот за деца и младинци. Студирал, Југословенска и светска книжевност. Живеел и работел во Лондон, Амстердам, Норвешка итн. Бил кандидат за градоначалник на Скопје. Почнал да пишува колумни уште во 1969 година во тогашниот студенски весник Фокус.


Димитров напишал единаесет драми:

  • Глоговиот џбун,
  • Револуционер,
  • Бисери и свињи,
  • Дас капитал,
  • Мавзолеј,
  • Кошмар,
  • Ни ќар ни зијан,
  • Лични огласи,
  • Ноќите во бел сатен
  • Тајното оружје
  • Како најсините очиња на целиот свет
  • Кутрите мали хрчки

Три детски пиеси:


  • Пупи Паф,
  • Свадбата на Итар ПеЈо
  • Крале Марко.

Две претстави:

  • Луди за љубов
  • Последната игра

Пишувал во магазин Жена, Дневник, Утрински весник, Теа модерна и Публика. Издал пет книги со колумни:


  • Малку блуз за твојата душа,
  • Најважната работа на светот,
  • Симни го малку небото за да се качам,
  • Последните акорди на тишината
  • Рецепти за осаменост
  • Дремка за двајца

Добитнике на следниве награди:

Главна награда за улогата во ТВ- драмата “Томе од бензиската пумпа” на ТВ-фестивалот во Порторож. Главна награда на анонимниот конкурс за свечено отворање на новиот театар „Ј.Х.-Џинот“ во Велес и „13 Ноември“ награда на град Скопје од областа на културата. Главна награда за драмски текстови Глоговскиот џбун и Ноќите во бел сатен на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп.

Среќен роденден Братислав ти посакува редакцијата на Екран.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …