Денес роденден слави нашиот фолк пејач Новица Василевски

Новица Василевски е роден на 28 март 1971 година во Скопје. Тој е познат македонски пејач на народна музика.

Новица својата кариера ја започнува во Група Академци, каде неколку години е член на групата. Во 1996 година, заедно со други членови ја оформуваат Група Биоритам, каде е член долги години, до 2010 година. Потоа тој почнува своја соло-кариера како пејач, каде негови песни се: “Паша Паша”, “Пожар”, “Место не ме држи брате”, “Не бери гајле”, “Султана” и други… Тој е чест учесник на фестивалите, каде има и освојувано и бројни награди: Фолк Фест Валандово, Тумба Фест, Фолк Фест Роса, Охрид Фест, Цветници. Зад себе има оставени и неколку албуми со негови авторски песни и обработна на стари македонски песни.


Негова сопруга е познатата пејачка Татјана Лазаревска. Веќе долги години живеат и работат во Мелбурн, Австралија.

Среќен роденден Новица ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на полското дуо Siksa во Котур

Вечерва, со почеток во 21:30 часот, во Котур, ќе може да го проследите концертот на …