Денес роденден слави нашиот актер Лазе Манасковски

Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 година. Тој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Димпломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Во 1983 се вработил како глумец во Драмски театар – Скопје и работи се до неговото пензионирање во 2022 година. Негови деца се: Иван Манасковски (режисер), и Симон Манасковски (глумец).

Остварил улоги во следниве театарски претстави:


Како да се ограби банка, Буре барут, Карамазови, Кралот Иби, Патување низ сонот на бајките, Салома, Смртта на Дантон, Стапица, Слободен лов, Сказна за времето, Така зборуваше Гертруда, Фани Мани, Пантаглез, Собирен центар, Лице и опачина, Ало будење, Спасени, Чија си, Балконот, Бура, Вообразениот болен, Калигула, Дон Жуан, Маратонците го трчаат почесниот круг, Ревизор, Кумови, Ни ќар ни зијан, Вазна од порцелан,Трите високи жени, Ова не е американски филм, Свадбата на Фигаро, Дунек, Платонов, Ферхад и Ширин, Мефисто, Сон на летната ноќ, Поручникот од Инишимор, Купидона, Ладало, Диво месо.

Од неговат богата филмографија издвојуваме:


1983 Записник ТВ-филм
1983 Премиера ТВ-филм
1985 На наш начин ТВ-филм
1986 Солунски патрдии ТВ-серија
1988 Чук Чук Стојанче
1989-1990 Тврдокорни ТВ-серија
1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија
1990 Еурека ТВ-серија
1990 Северна грешка ТВ-филм
1990-1991 Трст виа Скопје ТВ-серија
1991 Поштар ТВ-филм
1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија
1998 На Балканот не се пие чај ТВ-филм
1998-1999 Во светот на бајките ТВ-серија
2000 Погрешно време ТВ-серија
2000 Големи и мали ТВ-серија
2001 Одмазда ТВ-филм
2001 Агенција осамени срца ТВ-серија
2002 Заведени ТВ-серија
2002 Наше маало ТВ-серија
2003 Волци ТВ-филм
2004 Под ТВ-филм
2004 Неверство во зимска ноќ ТВ-филм
2004 Големата вода ТВ-филм
2006 Нави ТВ-филм
2006 Пусто турско ТВ-филм
2007 Сенки ТВ-филм
2007-2010 Народни Приказни ТВ-серија
2008 Куќен совет ТВ-филм
2013-2014 Тврдокорни ТВ-серија
2014 Ул. Шекспир 9/1 ТВ-филм
2014-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија
2015 Медена моќ ТВ-филм
2016 Операција Дијамант ТВ-серија
2016 Среќа во вреќа ТВ-серија
2016 Преспав ТВ-серија
2017 Исцелител ТВ-филм
2017 5+ фамилија ТВ-серија
2018 Мејкинг оф ТВ-филм
2019 Врба ТВ-филм
2019 Фамилија Марковски ТВ-серија
2022 Кајмак ТВ-филм
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија
2023-2024 Македонски народни приказни

Среќен роденден Лазе ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …