Денес роденден слави нашата пејачка и текстописец Рената Кралевски

Рената Кралевска, попозната како Rennata, е родена на 6 март 1990 година во Скопје, Македонија. За првпат на музичката сцена се појавила во 1997 година, на нејзина 7 годишна возраст во популарното шоу 1+2, каде ја отпеала „Нека ми не сване“ од Данијела Мартиновиќ. Истата година се појавила во Сител Бамбини на Сител-телевизија со нејзината песна „Роденденска желба“. Во 1998 настапила на фестивалот за оригинална македонска музика „Тетовски филиграни“ со нејзиниот хит „Не го барајте“ каде освоила две награди, за најмлад изведувач и најдобра интерпретација. По неколку години, поточно во 2003 година, Рената ја издала својата песна „Сакам да сум“ и со неа учествувала на Детскиот евровизиски фестивал. Автор на песната била една од девојките која пеела со Рената, а аражманот бил на Кире Костов. Подоцна, во 2005 и 2006 го претставувала нејзиното средно училиште СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ на Француски Фестивал со песните „Comme toi“ од Алабина и „Aimer jusqua limpossiblе“ од Тина Арена.

Рената зела учество на македонскиот музички фестивал Макфест со RnB баладата „Не го барајте“ на 5 ноември 2009, продуцирана од Јован Јованов, а напишана од Елвир Мекиќ. Следната година ја издала песната „Заводлив глас“ (Seducing voice), напишана од Рената, а продуцирана од Јорданчо Василковски – Оцко. Истата година Рената потпишала соработка со Sky Eye Entertainment. Наскоро Рената почнала да се пробива не само на македонскиот, туку и поширокиот музички пазар. Првата песна со новата продукција била „I can take you here“, продуцирана од Зоран Алексиќ.


Летото 2012 година ја издала песната „Time, time“, која забележала одличен успех, како и песната „Please Stay“. Рената била првиот изведувач од регионот која поседувала VEVO канал како дел од Youtube платформата. „Because I love you“ било првото видео лансирано на брендираниот канал. Еден месец подоцна, првото официјално видео на Рената, „Please stay“ било промовирано. Рената доживеала голем успех и станала првиот балкански изведувач чии песни биле изведени на над 7000 радија низ целиот свет. „Trust your feelings“ и „West side story“ биле следните синглови. Видеото за „West side story“ било објавено во октомври 2015 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …