Денес роденден прославува нашиот познат композитор и музичар Игор Василев-Новоградска

Игор Василев, познат и како Новоградска е роден на 22 јуни 1978 година во Скопје. Тој е познат македонски композитор и музичар. Најпознат е по работата со Милчо Манчевски на саундтракот на филмовите Мајки и Бикини Мун. Тој соработувал со македонската пејачка Каролина Гочева на хит песната Ајде да летаме, која била на врвот на националните топ листи во 2000 и 2001 година.

Василев, исто така, е автор на музиката за двете реклами под наслов „Македонија безвременска“, кои биле емитувани на Си-Ен-Ен и на многу други телевизиски станици ширум светот кои го промовираат македонскиот туризам.


Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на Игор Василев-Новоградска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јас сум ДОКТОРКА и не би ја јадела оваа храна ни во лудило затоа што сакам да бидам ЗДРАВА“: Последната храна на црната листа ги ШОКИРАЛА сите

Докторката Џесика Кис од Калифорнија, која е специјализирана за семејна медицина, издвоила пет јадења, односно …