Денес роденден прославува нашиот истакнат актер Јовица Михајловски

Јовица Михајловски е роден на 12 јуни 1955 година во Битола. Веднаш по завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1981 г.) се вработил во Драмскиот Театар (1983 г.), учествувајќи во проекти на Детската и Малата сцена, како и во претстави реализирани на т.н. Голема сцена. Тој имал претстави и во Македонски народен театар – Скопје. Во 2022 година се пензионирал во Драмски театар – Скопје

Михајловски настапувал во претставите во Драмски театар – Скопје: Сомнително лице од Б.Нушиќ (Ѓока), Дупло дно од Горан Стефановски (Јаков II), Солунски патрдии од М.Попоски (Кире и Баже), Крвави свадби од Лорка (Младичот), Долго патување во ноќта од О’Нил (Џејмс Тајрон), Грев или шприцер од С.Насев (Јоцо), Харем од С.Насев (Топуз Паша), Изгубени Германци од Слободан Унковски во продукција на Македонски народен театар – Скопје и многу други. Освен тоа има настапувано и во поголем број сценски реализации за најмладите, во радиотелевизиски драми, серии и слично.


Добитник е на бројни награди и признанија:

Награда од ревијата Екран, за улогата на Кумплунг во играниот филм Самоуништување, 1997 година,


Награда на меѓународниот фестивал на мали сцени во Риека, Хрватска, за најдобра машка улога Лаки во претставата Другата страна -2005 година,

Добитник на наградата за најдобра машка улога на фестивалот Војдан Чернодрински за улогата Шајлок во претставта Венецијанскиот трговец 2017 година,


Добитник на наградата од ДФРМ, Златна рамка, за особен придонес во македонскиот филм, 2021 година.

Среќен роденден Јовица, ти посакува редакцијата на Екран.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јас сум ДОКТОРКА и не би ја јадела оваа храна ни во лудило затоа што сакам да бидам ЗДРАВА“: Последната храна на црната листа ги ШОКИРАЛА сите

Докторката Џесика Кис од Калифорнија, која е специјализирана за семејна медицина, издвоила пет јадења, односно …