Денес не излегувајте без чадор!

Продолжува облачното време со слаби врнежи од дожд и во текот на вторник. Се’ на се’ може да кажеме дека малку поврнежливо би било во западниот крај, но според очекуваната количина на дожд, која ќе биде прилично мала, бесцелно е правиме вакви споредби. Може да се каже само дека дожот би бил позачестен попладне.
Снег се очекува на висина над 900 метри.
Ќе дува умерен југоисточен ветер, особено околу пладне.
Минималната температура низ котлините ќе има вредност генерално помеѓу 2 и 5, а на повисоките места околу -1.
Максималната вредност ќе биде помеѓу 4 и 7 во котлините од северниот и западниот регион. Појтопло ќе биде во југоисточниот крај, со максимална температура околу 9.
Скопската котлина очекува облачно време, со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Температурата ќе има минимална вредност околу 2, а максимална вредност околу 6, најавуват од  meteopro.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …