Дејвид Атенборо ќе го претставува народот на самитот за климатските промени

Познатиот британски водител, Дејвид Атенборо, е именуван за „народен претставник“ на глобалниот самит за климатски промени годинава, каде што ќе разговара со политичките лидери за потребата од итна акција.
Атенборо, најпознат по своите документарни филмови за животот во природата, како што е „Планетата Земја“, рекол дека пандемијата на вирусот корона покажала дека е клучно да се обезбедат меѓународни договори за решавање на светските проблеми.
„Сепак, проблемите што нè очекуваат во следните пет до десет години се многу поголеми“, потенцира Атенборо.
Велика Британија е домаќин на годинашната конференција на ООН за климатски промени во ноември во Глазгов, Шкотска.
Британскиот премиер Борис Џонсон му се заблагодари на Атенборо за прифаќањето на улогата, изјавувајќи дека тој е инспирација за милиони луѓе преку неговата работа на телевизија. Џонсон смета дека нема подобра личност да го искористи моментум за понатамошни промени пред самитот за климатски промени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …