ДЕФИЛЕ И НАСТАП НА ТРУБАДУРИ И ВЕЈАЧИ НА ЗНАМИЊА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ВО ЧЕСТ НА ДЕНОТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА РЕПУБЛИКА, 2 ЈУНИ

Во чест на денот на Италијанската Република, 2 јуни, Амбасадата на Италија, на плоштадот Македонија
организира дефиле и настап на трубадури и вејачи на знамиња од Кастиљон Фиорентино, Италија.

Дефилето ќе започне во четврток, 2 јуни во 18.00 часот од семафорите на улица Македонија (во близина на Рекорд), сé до плоштадот Македонија, каде групата ќе го изведе својот настап пред јавноста. Веењето на знамињата потоа ќе продолжи кон Старата скопска чаршија. Групата повторно ќе настапи во вечерните часови, со почеток во 22.00 часот, од Камениот мост, па се до плоштадот Македонија, каде што поворката на вејачи на знамиња ќе ја има завршната изведба.


This image has an empty alt attribute; its file name is italija-praznik-3.jpeg

Историското друштво од Кастиљон Фиорентино заедно со нивните вејачи на знамиња, ја негува и претставува
средновековната традиција која датира уште од 13 век, кога секаде низ Европа, а особено во Италија, важните
настани, како завршеток на некоја битка или војна, биле прославувани со парада на војниците кои вееле знамиња.


This image has an empty alt attribute; its file name is italija-praznik-1.jpeg
Настапот започнува со дефиле на разнобојни знамиња кои парадираат високо во круг, а секое од нив го носи
грбот на градот. Вежбите и акробациите може да се изведуваат индивидуално, и тогаш доаѓаат до израз вештината и хармонијата на движења на вејачот, или групно, истакнувајќи го на тој начин духот на целиот тим.
Веењето на знамињата е проследено со звукот на барабаните и трубите кои потекнуваат од средновековната воена традиција. Музичарите заедно со вејачите на знамиња ја анимираат публиката пред почетокот на
претставата.

This image has an empty alt attribute; its file name is italija-praznik-2.jpeg


Неверојатна изведба која не смее да се пропушти!

Настанот е овозможен благодарение на спонзорството на Комерцијална банка АД и ГЕНЕРАЛИ Инвестментс АД Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …