„Д Фестивал“ започна со акцијата „Ран корморан“

Од вчера започна промотивната акција „Ран корморан“ со 300 билети за овогодинешното, четиринаесетто издание на „Д Фестивал“, кој ќе се одржува од 28 до 30 јуни.

„Најповолната цена на фестивалските билети е секогаш резервирана за верните фанови на Д Фестивал, спремни први да се впуштат во акција:
1200 денари – тридневен фестивалски билет со пристап до цела програма)


1300 ден. (тридневен фестивалски билет со пристап до цела програма + камп место)“, информираат од „Пасворд продукција“.

Официјален слоган на овогодинешното издание е #LoveSpreads!


„Ширете го чувството на љубов, заедничката радост и припадност, бидејќи знаеме дека Љубовта е она што нè поврзува и прави нашите срца да чукаат посилно. Со нетрпение го чекаме летото за да се сретнеме повторно и заедно да ја креираме новата магична фестивалска приказна од 28 до 30 јуни!“, соопштуваат од „Пасворд“.

Влезниците за фестивалот можат да се купат преку dfestival.mk/vleznici, или преку продажната мрежа на МК Тикетс.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …