Актуелно

Светлината во нашите вени – нова поетска книга од Стефан Марковски

Во издание на Современост – Скопје, деновиве беше објавена „Светлината во нашите вени”, нова поетска збирка на Стефан Марковски. Стихозбирката на 100 страници содржи вкупно 39 песни распоредени во шест циклуси: Светлината во нашите вени, Пријател со времето, Пребирливоста на стихот, Машински метаморфози, Политикологија на дишењето и Бакнежност. За збирката, …

Повеќе »

Сеќавање: 22 години без еден од најголемите македонски актери и режисери Илија Милчин

Илија Милчин е роден на 19 јуни 1918 во Прилеп. Тој беше македонски глумец, режисер, јазичар и преведувач, почесен член на ДПМ. Завршил право на Софискиот универзитет во 1942 година. Во периодот од 1944 до 1947 година работел како драматург, а потоа како глумец и режисер во Македонскиот народен театар …

Повеќе »

На денешен ден е родена една од најнаградуваните и најчитани македонски писателки Оливера Николова

Оливера Николова е родена на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Оливера Николова …

Повеќе »

Опенхајмер избран за најдобар филм на 96. Оскари

Опенхајмер е избран за најдобар филм на 96. Оскари. Од 13 номинации, приказната за креаторот на атомската бомба освои седум, меѓу кои Кристофер Нолан за режисер и Силијан Марфи за најдобар актер. Реализацијата на Poor Things освои четири, а Ема Стоун го освои вториот Оскар. Филмот на Мартин Скорсезе Killers …

Повеќе »

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 11.03.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Бизнис: Добар период е за започнување нови проекти и деловни договори, на кои не сте сметале. Љубов: Нема да бидете на иста бранова должина со партнерот, а можете да очекувате критики за вашето однесување и третман. Здравје: Многу добро. Текстот продолжува на следната страна

Повеќе »

„Наша вечер“ – Музичко поетска претстава со познатиот актер Иван Босиљчиќ

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе може да уживате во уметничката вечер на познатиот актер Иван Босиљчиќ наречена „Наша вечер“, која ќе се одржи во НУ Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица. Билетите по цена од 1.000 денари се пуштени во продажба во ТА Нова Травел во Струмица. …

Повеќе »

Стенд Ап со Тино, Атанас и Стефан Николовски во Public Room

Во понеделник на 11 март 2024 година, во Public Room во Скопје, со почеток во 21:00 часот ќе може да уживате во стенд ап со Тино, Атанас и Стефан Николовски. Билетите се по цена од 400 денари. Повелете на дневна доза смеа!

Повеќе »

Хуманитарна детска претстава “Супер Вселенко и роденденската торта”

Во Лабораториум, денес, со почеток во 12:00 часот ќе биде изведена хуманитарно детската претстава “Супер Вселенко и роденденската торта”. Кон оваа акција се придружува и Анџела Ампева која ќе има свое штандче со алки како и CROWN COOKIES од каде што ќе можете да ги пробате највкусните колачиња, и исто …

Повеќе »

Женско рели 2024

Денес со почеток во 9:00 часот традиционално ќе се одржи женското рели 2024. Повторно ќе се вози на улиците на Скопје, настан по повод 8ми март, светскиот ден на жената, во организација на Автомобилистичка федерација на Македонија (АФСМ) и клубовите членки на АФСМ. Појдовна точка: Спортски центар Борис Трајковски Скопје …

Повеќе »