Актуелно

Вечерва во МНТ игра претставата „Не се клади на Енглези“

Во Македонскиот народен театар, вечерва, со почеток од 20:00 часот, ќе можете да ја погледнете претставата „Не се клади на Енглези“. Автор: ВЛАДИМИР ЃУРЃЕВИЌ Режисер: СИНИША ЕВТИМОВ Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта …

Повеќе »

Драматичната опера „Палјачи“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари

Драматичната опера „Палјачи“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари со почеток во 20.00 ч. Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“  на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера …

Повеќе »

Од денес па се до 11ти Февруари заборавете на се друго и насочете се на шопинг во Рамстор Мол и сите Рамстор маркети

Од денес па се до 11ти  Февруари заборавете на се друго и насочете се на шопинг во Рамстор Мол и сите Рамстор маркети! Најпопуларниот и нај препознатлив настан  кој со нетрпение го очекувавте ќе Ви донесе одлична можност да купувате на огромни попусти до 70% бидејќи ПРАВИМЕ ЧИСТКА – ВАДИМЕ …

Повеќе »

„50 години творештво“ – Ретроспективна изложба на Ангел Димовски – Чауш

Во Националната галерија, објект Чифте амам, вечерва, со почеток во 19.30 часот ќе се отвори ретроспективната изложба на Ангел Димовски – Чауш со насловена „50 години творештво“ што воедно претставува можност македонската културна јавност да се запознае со богатиот творечки опус на овој наш уметник кој повеќе децени живее и …

Повеќе »

Сатја Грабулоски меѓу 50. највлијателни луѓе на Балканот: Македонскиот дизајнер во друштво на Новак Ѓоковиќ, Никола Јокиќ и Драган Бјелогрлиќ

Македонскиот дизајнер на патики, Сатја Грабулоски, е меѓу 50 највлијателни луѓе на Балканот, според листата што ја направи Bloomberg Adria. На листата за 2023-та, која е поделена во категориите: бизнис, финансии, наука и технологија, спорт, забава, политика и посебни достигнувања, се најдоа истакнати личности од регионот. Меѓу нив се и …

Повеќе »

Денес се сеќаваме на нашата актерка Тодорка Кондова-Зафировска

Тодорка Кондова-Зафировска е родена на 1 февруари 1926 година во Прилеп. Таа беше истакната македонска глумица и режисерка. Тодорка завршила Театарска академија во Белград, на Отсекот за режија (1952). Член на драмата во МНТ (1945-1964) и во Драмскиот театар од 1964 година до пензионирањето. Нејзиниот творечки опус е обемен, раскошен …

Повеќе »

Среќен роденден Шенка Колозова !!!

Шенка Колозова е родена во Добрево, Пробиштипско на 1 февруари 1947 година. Таа е пензионирана македонска глумица, најпозната по улогите во Македонските народни приказни. Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје. Целиот работен век го поминала како професионална глумица во народните театри во Штип и Куманово, …

Повеќе »

Антициклонот “Зевс” во првата седмица од февруари ни носи стабилно и суво време – Температурите во пораст!

Првата седмица од февруари месец во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво и претежно сончево време, со малку повеќе облачност и со засилен ветер од северен правец во петок. Токму ова стабилно време е поради влијанието на антициклонот “Зевс”. Температурите, особено за време на викендот и во почетокот …

Повеќе »

На денешен ден во Штип е роден Никола Иванов- Балтон, наш истакнат академски сликар

На денешен ден (31.01.), во 1948 година, во Штип е роден Никола Иванов- Балтон, наш истакнат академски сликар. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на Петар Мазев. Живеел и работел во Скопје. Во неговиот творечки опус најзастапено е сликарството, додека во неговата уметност застапени се и …

Повеќе »