„Бизнисот на задоволството“ селектиран на два нови фестивали во САД

„Бизнисот на задоволството” на Гоце Цветановски ќе биде прикажан на јубилејното 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал”, кој ќе се одржи од 24 февруари до 3 март во Аризона. Мисијата на организаторите е поддршка на независните филмски дела од целиот свет, потребата да се разбере човековата природа и препознавањето на вистинските вредности преку филмот.

Филмот на Цветановски исто така ќе биде еден од осумте филма во официјалната селекција на „Фарго филм фестивал”, кој ќе се одржи од 19 до 23 март. Публиката ќе може да го проследи во историската кино сала Фарго во Северна Дакота. Фестивалот постои 24 години, а неговата програма низ годините е збогатена со присуството на бројни еминентни имиња од светот на филмот.


Членовите на жирито на Фарго Филм Фестивал, во писмото за официјалната селекција истакнаа: „Добивме многу квалитетни апликации оваа година, но жирито сметаше дека вашиот филм е навистина впечатлив и суштински ја доловува кризната и трагична состојба во светот. Навистина сме возбудени што ќе го споделиме овој филм со нашата публика.”

Режисерот Цветановски го радува тоа што филмот и годинава продолжува со успешната фестивалска турнеја.


„Секоја нова селекција ме исполнува со радост и возбуда. Со нетрпение го чекам на пролет прикажувањето во македонските кино сали. Реакциите низ светот се позитивни, верувам дека и на македонската публика ќе и’ се допадне оваа приказна”, вели Цветановски.

Филмот лани успешно се претстави на „Орландо Филм Фестивал” во САД, каде имаше номинации во пет категории. Потоа го затвори 34. издание на филмскиот фестивал „Синеворлд филм фестивал” на Флорида.


„Бизнисот на задоволството” досега беше селектиран на дваесеттина фестивали, а се закити со пет награди.

Поддржан е од Агенцијата за филм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …