Властите се одлучиле на ваков потег со надеж дека ќе го намалат бројот на автомобили на улиците, во согласност со долгорочниот план за емисии на штетни гасови.
Луксембург ќе стане првата земја во светот што ќе добие бесплатен јавен превоз од 1. март 2020. година, јавува Anadolu Agency (AA).
“Бројот на луѓе кои користат јавен превоз сè уште не е на ниво што долго време го посакувавме, затоа дојдовме до идеја да е бесплатен. Се надеваме дека ова ќе биде една од причините поради кои луѓето ќе користат јавен превоз многу повеќе”, рече Лиди Полфер. градоначалникот на Луксембург.
Автобускиот превоз досега е бесплатен во сабота и други назначени денови.
Од 1. март бесплатниот превиз ќе ги опфати сите градски и приградски автобуски линии, градскиот трамвај, како и железничката пруга на територијата на Луксембург.
Властите во Луксембург, исто така, одлучиле сите автобуси во земјата до крајотр на 2020. година да бидат на електрична енергија, со цел да се намали загадувањето на воздухот.
БИТКА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ – Сега е и официјално: Луксембург од 1.март станува првата држава во која јавниот превоз ќе биде бесплатен!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.