Бил Гејтс: Вакцините за ковид-19 во сиромашните земји ќе доцнат 6. до 8. месеци

Сиромашните земји, во најдобар случај,ќе доцнат од 6. до 8. месеци во набавката на вакцини за ковид-19 во споредба со побогатите земји, проценува филантропот Бил Гејтс.
Во денешното интервју за Ројтерс, Гејтс рекол дека дистрибуцијата на вакцини е исклучително голем проблем што врши притисок врз глобалните институции, владите и производителите на лекови.
„Секој политичар е под притисок да се бори својата земја да ја доведе на почетокот на редот“, вели Гејтс.
Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс досега ветила 1,75 милијарди долари за борба против пандемијата на ковид-19, вклучително и во рамките на програмата COVAX за правична дистрибуција на вакцините водена од Светската здравствена организација.
COVAX планира, до крајот на годината, да дистрибуира 2,3 милијарди дози вакцини, од кои 1,8 милијарди дози се бесплатни за сиромашните земји. Тој се надева дека првите испораки ќе бидат реализирани во февруари.
Гејтс вели дека дистрибуцијата на вакцините низ COVAX првично ќе биде скромна.
Гејтс во писмото во кое ги објавува приоритетите на фондацијата напишал дека верува оти луѓето што живеат во побогатите земји ќе бидат сведоци на крај на пандемијата и враќање на нормалниот живот до крајот на годината, под услов вакцинацијата да опфати 70 до 80 проценти од населението.
Тој додал дека пандемијата резултира и со нешто добро – значително забрзување во развојот на вакцините, како што е онаа заснована врз технологија на РНК што ја користат BioNTech/Pfizer и Moderna.

Фото: gatesnotes.com


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …