Амбасада на Италија, Скопје – ревија на современ италијански филм

Од 6-ти до 9-ти ноември во Киното Cineplexx во Скопје Сити Мол ќе се одржи ревија на современ италијански филм под називот Cinema Made in Italy.

Настаноткој во нашава земја се одржува за прв пате организиран од Cinecittà, Италијанскиот институт за култура од БелградАмбасадата на Италија во Скопје  и Cineplexx Skopje City Mall.


 Програмата  вклучува четири филма од најновата италијанска продукција, кои беа прикажани на последното издание на Филмскиот фестивал во Венеција:
Убаво лето (2023) во режија на Лаура Лукети
Како овци меѓу волците (2023) во режија на Лида Патитучи
Мими – принцот на ноќта (2023) во режија на Брандо Де Сика
Адаџо (2023) во режија на Стефано Солима

 Филмовите се титлувани на македонски јазик, а проекциите започнуваат во 20 часот. Сите приходи од продажбата на билетите со сомболична цена од 120 денари, како и од донациите на посетителите, ќе бидат наменети на Здружението за поддршка на лица со посебни потреби „Дајте ни крилја” од Скопје.


 Филмската ревија е дел од богатата програма на настани организирани од Амбасадата на Италија во Скопје, по повод одбележувањето на 30. годишнината од востпоставувањето на дипломатските односи помеѓу Италија и Република Северна Македонија.

 Повеќе информации за програмата и за филмовите можете да најдете во каталогот на следниот линкhttps://tinyurl.com/CinemaMadeInItalyCATALOGUE


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …