Аеродром повторно ќе пулсира на 14 и 15 јуни во Џевахир Мол Скопје

Аеродром ќе пулсира по вторпат! Под мотото „Аеродром пулсира vol.2“, на 14 и 15 јуни, со почеток од 19 часот, посетителите на трговскиот центар Џевахир Мол Скопје и станарите во комплексот висококатници Cevahir Sky City ќе можат да уживаат во дводневен музички хепенинг, како продолжение на настанот што беше одржан за време на отворањето на новиот трговски центар во населба Аеродром. Џевахир Мол Скопје повторно ќе биде центар на забавата и дружењето во нашиот главен град, а со оглед на тоа што фокусот на првата вечер е на младите музичари, трговскиот центар ќе ја потврди поддршката на културата, музиката и развојот на младите музичари.

Првата вечер од „Аеродром пулсира“, на 14 јуни, ќе биде во знакот на младите музички таленти. Публиката во Џевахир Мол Скопје ќе може да го проследи завршното годишно шоу на младите тапанари од Studio М на Мартина Баракоска, кои ќе изведат преработки на тапани на познати песни, по што ќе следува и специјалниот настап во живо на неверојатниот млад бенд „Црно собрание“.


Втората вечер, на 15 јуни ќе ја отвори Диџеј Чваре со свој сет, по што сцената ќе ја освојат регионалните трап и хипхоп ѕвезди 2Бона. Нивната музика е инспирирана од новите светски современи музички трендови и е наменета за ноќни клубови и дискотеки, а фановите на македонскиот трап, хип-хоп, ар-ен-би и регетон-бенд ќе имаат можност во еден глас заедно да ги пеат најголемите хитови на Бонтони и Кун, да се фотографираат со нив и да уживаат во незаборавен перформанс. Атмосферата на „Аеродром пулсира Vol.2“ ќе достигне точка на вриење со настапот на неповторливата македонска поп ѕвезда, Тамара Тодевска, која ќе ги испее своите најголеми хитови.

 


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јас сум ДОКТОРКА и не би ја јадела оваа храна ни во лудило затоа што сакам да бидам ЗДРАВА“: Последната храна на црната листа ги ШОКИРАЛА сите

Докторката Џесика Кис од Калифорнија, која е специјализирана за семејна медицина, издвоила пет јадења, односно …