„Травничка Хроника“ – Вториот дел од Босанската трилогија на Иво Андриќ во издание на „Антолог“

Ново во „Антолог“. Романот „Травничка Хроника“ –  вториот дел од Босанската трилогија на Иво Андриќ.

Романот претставува седумгодишен летопис кој го опфаќа периодот од 1807 до 1814 година, кое е и времето на подемот и падот на Наполеон. Травник тогаш бил везирски град и во него се мешале односите меѓу француските и австриските конзули со месното население и османлиските великодостојници. Во оваа смисла, жителите на Травник се претставниците на Истокот, а францускиот конзул Давил, на Западот. Со неговото пристигнување тој станува проследувач и учесник во еден нов и дотогаш непознат, таканаречен ориентален начин на живот. На суптилен книжевен начин е нагласена непремостливата разлика помеѓу источните и западните култури.


Пишувајќи го романот за време на Втората светска војна, Андриќ користел богата документарна граѓа од сферата на историјата, етнологијата и автентични записи за личностите претставени во делото. „Травничка хроника“ е најкласичниот роман во неговото творештво.

Романот од е достапен во книжарницата на Антолог и онлајн на antolog.mk.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нутриционистите ги советуваат луѓето над 60 години да почнат да јадат една намирница

Во СОВРШЕН свет, здравите навики за исхрана веќе постојат многу пред некој да наполни 60 …