Фото: Принтскрин Јутуб

Денес роденден прославува еден од најистакнатите фудбалери што Македонија му ги дала на светот – Жарко Оџаков


Жарко Оџаков е  роден на 16 ноември 1955 година во Нов Дојран. Играч кој со својот талент, дисциплина и посветеност остави длабока трага и во македонскиот и во австралискиот фудбал.

Жарко Оџаков е поранешен фудбалер со исклучителна техника и визија на играта. Роден во тогашна Југославија, Oџаков го изгради својот фудбалски пат во Македонија, каде го носеше дресот на ФК Вардар. Во текот на осум години одигра 109 натпревари во Првата југословенска лига, постигнувајќи девет голови и стекнувајќи репутација на сигурен и интелегентен играч од средината на теренот.


Во 1982 година се пресели во Австралија, каде ја продолжи својата професионална кариера и стана еден од најценетите фудбалери во тогашната National Soccer League (NSL). Настапуваше за: Preston Macedonia, Sydney Croatia (клуб каде што особено се истакна и го привлече вниманието на селекторите) и во Blacktown City, каде одигра 55 натпревари во Националната лига на Австралија.

Од 1985 до 1987 година, Оџаков го носеше дресот на репрезентацијата на Австралија – Socceroos, за која настапи 13 пати. Покрај тоа, беше дел и од австралиската футсал репрезентација, играјќи три натпревари на Светското првенство во футсал во 1989 година.


Неговиот квалитет и влијание врз австралискиот фудбал беа толку големи што легендарниот селектор Рале Рашиќ во 2006 година го вброи Оџаков меѓу најдобрите Socceroos на сите времиња.

По завршувањето на играчката кариера, Оџаков се врати во Македонија, каде ги заврши тренерските лиценци во Белград и започна да работи како тренер. Имаше успешни улоги како помошник, а потоа и како прв тренер на ФК Вардар, со кој постигна значајни резултати и успеа да го позиционира клубот во горниот дел од табелата во Првата лига.


Работеше и со младинските категории на македонската репрезентација, вклучително и како селектор на У-21 репрезентацијата, оставајќи силен печат во развојот на новите генерации македонски фудбалери.

Во Австралија, во негова чест се игра „Zarko Odzakov Cup“, натпревар меѓу Sydney United (поранешно Sydney Croatia) и Bankstown City – доказ за огромната почит што тој ја ужива таму.

Редакцијата на Екран му го честита роденденот на Жарко Оџаков и му посакува многу здравје, радост и успеси. Благодариме за сите моменти, за фудбалската магија, за посветеноста и за огромниот придонес кон македонскиот спорт.

Среќен роденден, легендо!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тијана Дапчевиќ со нов хит – „Najskuplja“ доби моќен спот, а реакциите не запираат

Само неколку дена по премиерата, новата песна „Najskuplja“ на Тијана Дапчевиќ веќе брои речиси 50000 …