(ВИДЕО) И’ ОВА Е НАСИЛСТВО: Инцидент на паркинг во Сараево – жена претепала маж

ВИДЕО од надзорните камери на паркинг во Сараево кружи на социјалните мрежи и прикажува жена како физички напаѓа маж.
На видеото се гледа како на маж од зад грб му приоѓа жена и физички го напаѓа. Додека мажот се обидувал да побегне, таа го фатила и почнала да го удира со двете раце и нозе.
Во еден момент успеал да се оддели, но упорната жена продолжила да го тепа додека несреќниот маж се обидувал да побегне.
Исто така, на снимката се гледа како мажот ја прашува жената дали е нормална и и’ вели дека не сака случајните минувачи да ја гледаат оваа случка.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …