(ВИДЕО) Мистеријата на големата сина дупка во океанот

Ова чудо на природата го прослави Жак Кусто, кој ја забележа нејзината вистинска длабочина и го прогласи за едно од петте најдобри места за нуркање на планетата.
Големата сина дупка, лоцирана на околу стотина километри од главниот брег на Белизе, е подводна дупка во близина на центарот на Lighthous гребенот.
Овој џиновски круг, со дијаметар од околу 300 метри и длабочина од 25 метри, бил формиран по серија глацијални настани, кога нивото на морето било значително пониско од денес.
Секоја година, ентузијасти за нуркање и професионалци го посетуваат овој гребен за да ја истражат неговата кристално чиста вода, антички сталактити, како и разни видови тропски риби и морскиот живот што се населил таму.
Темните длабочини на мистериозната дупка секако се импресивни глетки, а туристите во посета на Белизе ги навеле еднодневните тури до Големата сина дупка како една од најдобрите атракции на ова место.


Дупката е исто така дел од Belize Barrier Reef Reserve системот кој е под заштита на УНЕСКО, поради неговото научно и историско значење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …