10 факти за кафето кои можеби не сте ги знаеле

Кафето е најуниверзалниот напиток кој може да го конзумирате каде и да се наоѓате во светот. Се проценува дека 30-40% од светската популација секојдневно пие кафе, а за најголеми кафепии во светот се сметаат Финците со испиени 10кг кафе годишно по глава на жител. Што се однесува до сегментација според професии, луѓето кои во својата работа вложуваат повеќе ментален, интелектуален и секако креативен напор, конзумираат повеќе кафе од останатите. Така, на прво место се наоѓаат новинарите. Кафето фасцинира со својот мирис, вкус, со разновидните ритуали за подготвување и конзумирање, и иако ни се чини дека за овој напиток знаеме се’, еве 10 интересни факти за кафето кои не се така познати:
1. Кафето расте во форма на бобинки на грмушка – што значи дека кафето е всушност овошје. 2. Зборот кафе потекнува од арапскиот збор qahhwat al-bun, кој потоа бил скратен на qahwa. Во Турција го преименувале во, кахве, па кофи во Холандија.  Некои историчари сèуште веруваат дека оригиналниот збор е kафа од Етиопија, која се смета за земја во која за првпат се открило кафето. 3.Во светот има повеќе од 50 видови кафе. 70% од светот консумираат арабика, која има благ вкус и силна арома, додека останатите 30% пијат робуста, која е погорчлива, но затоа има 50% повеќе кофеин. Doncafé претставува совршена комбинација на овие два вида.
4. Спротивно на популарното верување, светлото печено кафе всушност има повеќе кофеин од темното печено 5. 65 земји во светот одгледуваат кафе. Сите се наоѓаат во областа на екваторот. 6. Секое утро консумираме кафе во вид на напиток, но не било секогаш така. Дали знаете дека Арапите порано јаделе кафе наместо да го пијат. Мешале зрна кафе со маснотии, за да добијат некаква енергетска топка, која би ги држела подолго будни.
7. А легендата вели дека во Етиопија во 9 век сточарите го забележале ефектот на кофеинот врз нивните кози, кои изгледале како да „танцуваат“ откако ќе го изеле плодот на растението кафа. Еден локален монах потоа направил пијалок од ова растение и открил дека тоа го држи буден ноќе и така се „родила“ оригиналната шолја кафе. 8. Капучиното денес е едно од најпознатите припреми на кафето. Но, дали знаете од каде потекнува името капучино? Од монасите Капучини, кои носеле кафени наметки со боја на самото кафе, која до ден денес се користи со тој назив особено во индустријата за мебел и внатрешниот дизајн.
9. Еспресо е едно од најчесто конзумираните кафиња денес, името потекнува од Италија и буквално значи да се истера. 10. Ако некогаш сте слушнале за името „жолт бурбон“, сигурно сте помислиле дека станува збор за виски. Не. Тоа е посебна сорта на арабика, чии зрна имаат жолта боја. Најмногу се одгледува во Бразил, а во светот на кафето го нарекуваат “pinot noir”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …