„Звукот на Скопје“ е токму она што требаше да му се случи на Скопје

Овогодинешното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ се одржа минатиот петок (15 септември) на добро познатите локации, пред платото на МОБ и во паркот Ибни Пајко. И овојпат „КИЦ“ како организатори на овој настан, беа на висина на задачата и испорачаа уште едно одлично издание на фестивалот.

Можеме слободно да кажеме дека „Звукот на Скопје“ се наметнува како водечки open air фестивал во Скопје. Одличниот избор на артисти привлече многубројна публика која подеднакво уживаше во настапите на двете сцени.


На бината пред платото на МОБ честа да го отворат фестивалот ја имаа младиот скопски бенд „Кем“. Мелодичниот хип-хоп и соул звук што бендот го негува, ја загреа присутната публика и ја спреми за наредните изведувачи. На задоволство на дел од публиката која подолго време ги немаше видено во живо бендот „СИЗ“ ги отсвири своите познати хитови како и нешто од најновиот материјал кој го промовираа токму на фестивалот. Симпатичната Natalee од Србија продолжи да ја забавува публиката со својот уникатен звук и извонреден настап во живо. На крајот нашите Фолтин со својот збир од музички жанрови и енергија која е карактеристична само за нивните настапи го доведе фестивалот до својата кулминација.

 


Бината во паркот Ибни Пајко беше резервирана за љубителите на алтернативната музика, каде се претставија артистите од колективот Гола планина. Стој, После! ја отвори програмата на овој стејџ. Дружината предводена од мултиталентираниот Мартин Џорлев одлично ја размрда публиката, по што следа Занаду со својот свеж и препознатлив звук за на крај Димиш со својот моќен настап да стави точка на ова издание на Звукот на Скопје.

 


Вредно е да се спомене дека во рамките на фестивалот се одржа и Кулпарк летното кино (пред КИЦ) каде се одржаа проекциите на документарниот филм „Примо Да Круз“, и на играниот филм „Снежана на крајот умира“, како и изложбата на фотографии „Скопје под лупа“ од Јована Савевска. Се на се, ова беше уште едно одлично издание на фестивалот, токму онакво какво што доликува на „КИЦ“ како најстара културна установа во градот Скопје. Се гледаме во 2024 !!!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …