ЗОШТО ПРИРОДНА НОВОГОДИШНА ЕЛКА!

Секоја празнична сезона, се соочуваме со изборот: Да славиме со природна елка, вистинско дрво или пак со вештачка пластична елка? Одговорот е едноставен-најдобриот избор отсекогаш бил традиционалниот и природен избор – вистинска Новогодишна елка. Но зошто?

This image has an empty alt attribute; its file name is picea26.jpg


-Додека растат, природните новогодишни елки го подобруваат животот така што апсорбираат јаглерод диоксид и други штетни гасови и испуштаат свеж кислород, така што претставуваат природни прочистувачи на воздух во домот. -Истовремено самата посета на Градинарскиот центар за да ја изберете вашата природна новогодишна елка е последено со забава, која кулминира со украсувањето на вашето дрво во домот! Нема подобар начин да се ослободите од стресот во празничните денови! Секое вистинско дрво има свои уникатни карактеристики и пронаоѓањето на сопственото „совршено” дрво е значаен дел од забавата. -Традиционалниот мирис на Елката не може да се спореди со ништо вештачко. Новогодишна елка, внесена во нашите домови, го проектира ова чувство на спокој и хармонија преку својот пријатен мирис и природна топла убавина.

This image has an empty alt attribute; its file name is picea-pungens-edit.jpg


– Дополнително, вистинската елка во домот влијае на подобрување на менталното здравје, продуктивност и среќата, до зајакнување на нашиот имунолошки систем и намалување на анксиозноста, покажуваат бројни научни истражувања. Живите растенија и дрвја се од непроценлива вредност за хармонија во домот.


-Една новогодишна елка може да апсорбира до 1 тон јаглерод диоксид во текот на својот животен век, а еден хектар посадени Елки, обезбедува доволно кислород за 18 луѓе секој ден. Новогодишните елки го спречуваат „ефектот на стаклена градина” што ја загрева земјата.

-За некои луѓе излегувањето да купат дрво и да го донесат во домот може да биде обврска, особено ако времето е студено. Но и за тоа има решение, од комфорот на домот од вашата фотелја може да ја нарачате вашата елка преку Интернет, со испорака до каде било низ Македонија на датум по ваш избор.

-И секако на крај, елката можете да ја насадите по празниците во дворот, или во блиска околина, придонесувајќи на тој начин кон зачувување на поблискта животна средина. Елките ја намалуваат ерозијата и загадувањето, а Вие сте направиле добро дело!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …