Второ предавање на д-р Игор Радев – „Зенитот на Патот на свилата“ вечерва во КИЦ

Вечерва во Културно Информативниот Центар во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе може да го проследите второ предавање на д-р Игор Радев во серијата предавања на тема Патот на свилата помеѓу историјата и културата со наслов Зенитот на Патот на свилата.

Патот на свилата го достигнува својот историски зенит во однос на вкупниот обем на размена на стоки, но и културни добра, во периодот приближно помеѓу VI и X век. Ова е епохата на династијата ‘Та́нг (609-907) во Кина, Сасанидската ера (221-651) во Иран, на која се надоврзале двата арапски халифата – Омајадскиот (661-750) и Абасидскиот (750-1258), паралелно на византискиот циклус на римската историја и империјата Гупта (319-550) во Индија. Тогаш особено доаѓа до израз интелектуалниот аспект во размната по Патот на свилата, како магистрала, по која се ширеле светските религии – будизмот, христијанството и исламот, но и зороастризмот и манихејството. По Патот на свилата се создавала и ненадмината литература, истовремено и визуелна уметност, при што меѓу цивилизациите од едниот до другиот крај на евроазиското копно биле разменувани книжевни форми и сижеа, но и уметнички стилови и мотиви.


Воедно, и технологиите патувале по истите линии на комуникација, па така, токму во овој период од Кина кон Запад се шири техниката за производство на хартија, но и серикултурата, т.е. техниката за производство на свила, за што, како што ќе видиме, најзаслужен е византискиот император Јустинијан I. На крај, ќе биде даден и осврт на прашањето за византиско-кинеските диплматски односи во раниот Среден Век.

Влезот е слободен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …