Во четврток ќе биде отворена 32-та Меѓународна Лесновска ликовна колонија

Во четврток, на 8 февруари 2024 година, во 12:30 часот во фоајето на Центарот за култура во Куманово, ќе биде отворена 32-та Лесновска колонија.

Далечната 1992 година започнува приказната наречена ,,Лесновска ликовна колонија“.Оттогаш па се до денес Ликовната колонија прерасна во голема културна манифестација, која денес е препознатлив белег.


Стотици уметници од многу краеви на светот беа дел од Лесновската ликовна колонија, зад себе оставајќи свои дела, кои се дел од богатата збирка на уметнички дела, кои Домот на културата ,,Злетовски рудар“ ги чува грижливо, со гордост изложувајќи ги во скоро сите Домови и Центри за култура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …