Театарската комедија „Женидба“ во четврток во Народен Театар – Штип

Во четврток, на 8 февруари 2024 година, во Народен Театар – Штип, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Женидба“ од Н.В. Гогољ, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Драматург: Габриела Коцева Тулиев
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Андреј Ѓоргиевски – Папаз
Дизајн на плакат: Валентин Светозарев
Избор на музика: Љупчо Ѓоргиевски и Милорад Ангелов
Жанр: комедија


Играат:
Агафја Тихоновна – Марија Минчева Андонов
Иван Кузмич Поткалјосин – Милорад Ангелов
Иван Фомич Кочкарјов – Ефтим Трајчов Ѓаурски
Фјокла Ивановна – Анѓелка Нашкова
Иван Павлович Кајгана – Миле Вратеовски
Балтазар Балтазарович Жевакин – Пеце Ристевски
Никифор Иванович Анучкин – Даријан Петров
Арина Пантелејмоновна – Валентина Ѓоргиевска
Степан – Миланчо Георгиев Роне
Дуњашка – Стефанија Митовска

Суфлер: Лида Рогожарева
Светло: Методи Саздов
Тон: Горги Чапов
Реквизитер: Димитар Влахов
Гардеробер: Моника Гачева
Декоратери: Александар Талевски, Перо Иванов


Гогољ во „Женидба“ во прв план ги става, за да ги исмее, општествените аномалии од неговото време: лицемерието, желбата за статус по секоја цена, робувањето на нормите на граѓанското општество. Но, оваа драма е актуелна и денес токму поради нејзиниот психолошки слој, односно, маестрално изнијансираните ликови кои не се црно-бели, туку се многу живописни, но истовремено и подложни на осуди и сожалувања, кои поради сопствената безволност и нерасположеност на духот и стравот да излезат од сопствената комфорна зона не се во состојба да направат каков било чекор во своите животи.За да ги разбереме ликовите денес, се што треба да направиме е да се погледнеме во огледало.

Билетите се продаваат по цена од 200 денари и можат да се купат од билетарница на Театар Штип, секој работен ден од 16:00 – 20:00 часот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …