Викендов почнува зимското сметање на времето: Еве како треба да ги поместите часовникот

Ноќта меѓу сабота и недела, односно меѓу 28. и 29. октомври почнува зимското сметање на времето со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад.
Тоа значи дека времето во три часот ќе се смета како два часот.
Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето.
Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970.ттие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.
Преминувањето на летно и зимско време првпат е забележано во 1916. година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70. земји, главно на северната хемисфера.
Стрелките не се поместуваат секаде во светот во исто време. Така, САД и Канада во 2007. година воведоа зимското сметање на времето да почнува во првата недела во ноември и да завршува во втората недела во март.
Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.
Русија целосно го укина зимското сметање на времето во 2011. година, а Исланд е единствената европска земја која не воведе зимско и летно сметање на времето.
Сепак, некои астрономи се против поместувањето на стрелките и вештачкото „продолжување“ на денот, затоа што сметаат дека природата не треба да се „мачи“, па дури и ако се правда со економски пресметки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …