Драмската серија „Succession“ која се емитува на стриминг платформата HBO доби дури 25. номинации за Еми наградите кои се доделуваат за телевизиски остварувања.
Оваа серија ќе се натпреварува со јужнокорејската серија „Squid Game“, глобалниот успех на Нетфликс, кој влезе во историјата како прва продукција на јазик различен од англискиот, кој исто така е во трка за наградите Еми во главната категорија.
Трката ќе биде тесна бидејќи успешните телевизиски серии како „Stranger Things“, „Ozark“ и „Better Call Saul“ исто така се натпреваруваат за наградите кои ќе бидат доделени на 12. септември.
Во категоријата хумористична серија, најдобра стартна позиција со 20 номинации е „Ted Lasso“ (Епл ТВ+), минатогодишниот победник.
Во категоријата мини-серија, „The White Lotus”“ (HBO), кој ја исмева површноста на богатите гости на луксузен хотел на Хаваи, има 20. номинации.
View this post on Instagram
Серијата е снимена во Хрватска
Инаку, серијата „Succession“ делумно се снимаше во Хрватска. Ова се кадри од втората сезона на серијата, кои се снимаа во 2019 година на Корчула, околу Дубровник и во Загреб.
„Succession“ ја следи приказната за поделбите во семејството на еден медиумски магнат, кој не се двоуми да си договара секакви афери и кавги меѓу себе за да извлече лична корист.
View this post on Instagram
Одличната глума, совршената режија и интересните заплети ја задржаа публиката прикована на екраните во текот на сите три сезони од серијата, а сите со нетрпение ја очекуваат новата, четврта сезона.
Креатор на серијата е Џеси Армстронг, а главните улоги се Брајан Кокс, Киран Калкин, Џереми Стронг, Сара Снук, Метју Макфадиен, Николас Браун, Алан Рак и Николас Браун, Алан Рак и Хиам Амбас.
Фото: Принтскрин/Instagram