ПРИНЦЕЗАТА Мако, внуката на јапонскиот император, се омажи во вторникот по долгогодишни контроверзии околу нејзината заедница со вереникот Кеи Комур, но таа се откажа и од традиционалните ритуали и значителен финансиски надомест.
https://www.instagram.com/p/CVJnrSqDFHB/
Јапонската телевизија ја прикажа Мако како ја напушта царската резиденција на Акасака во Токио и се збогува со семејството, им се поклонува на родителите и ја гушка сестра си. На почетокот на овој месец, царската институција појасни дека свадбената церемонија, приемниот банкет и другите ритуали нема да се одржатм како и дека нема да и биде даден паушалот што обично им се дава на жените од царското домаќинство кои се мажат за обичните луѓе, во износ од 1,2 милиони евра.
https://www.instagram.com/p/CVen41HIhsh/
Внуката на императорот Нарухито, која викендов наполни 30 години, ја загуби својата кралска титула кога таа и Кеи Комуро го регистрираа својот брак, вообичаена ситуација за жените од лозата, но таа е прва во историјата на повоена Јапонија на која не и е дадена компензацијата.
https://www.instagram.com/p/CVetJcFFugB/
Ќерката на помладиот брат на императорот Нарухито со години трпеше критики и одолговлекување во врска со нејзиниот брачен план со, исто така, 30-годишниот Кеи Комуро, кој бил нападната поради тврдењата дека нејзината мајка позајмила пари од нејзиниот вереник и одбила да му ги врати. Оваа кавга, која сè уште не е разрешена, предизвикала скандал во Јапонија, каде се очекува беспрекорно однесување на членовите на царското семејство. Свадбата потоа била одложена, а Кеи Комуро се преселил во САД во 2018. година за да ги продолжи студиите по право.

Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни