(ВИДЕО) Жешки сцени на Џенифер Лопез за кои се зборува во светот

Џенифер Лопез и тоа како крена прашина на светската музичка сцена по објавувањето на нејзините први два сингла во последната година – „Pa Ti“ и „Lonely“, кои ги изведува со колумбиската sвезда Малум.
51-годишната Џенифер и 26-годишниот Малум снимија две сродни приказни во две видеа, и сите зборуваат за нивните жешки и страствени сцени, танцовата кореографија и дека Џенифер никогаш не изгледала подобро, а многумина се согласуваат дека се надминала самата себе.
Тешко е да се одлучи дали изгледа подобро во минијатурни фустани, секси долна облека, проѕирен костум или со бел пешкир со кој ја завиткала косата.
Малум не е помалку привлечен, покажувајќи го своето извајано и тетовирано тело на видеата во неколку сцени.


Засега е непознато дали станува збор за најава за новиот албум на Џенифер, а поминаа шест години од објавувањето на последниот „А.К.А.“
Покрај нивните заеднички песни, Џенифер и Малум снимија и филм, романтична комедија „Омажи се за мене“, а на им се придружи и Овен Вилсон. Премиерата на филмот треба да биде во февруари 2021 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …