Љубителите на тестенини ќе го обожаваат овој рецепт
Состојки:
300 г тестенини
2 јајца
200 мл јогурт или кисело млеко
2 лажици масло
сол
малку сирење
Подготовка:
Сварете ги тестенините според упатствата на пакувањето и добро исцедете ги. Во сад измешајте јогурт (или кисело млеко), јајца, масло и малку сол додека не се добие еднолична смеса.
Истурете ги сварените и исцедени тестенини во тава, прелијте ја подготвената смеса преку нив, а потоа внимателно измешајте сè за да ги покриете тестенините со преливот. По желба, можете да посипете путер со издробено сирење, сусам или сечкан магдонос.
Печете во претходно загреана рерна на 200 степени C околу 30-40 минути додека не поруменат. Сервирајте топло, а одлично оди со лесна супа или сезонска салата.
Фото: Принтскрин/YouTube
ekran платформа за слободоумни