(ВИДЕО) Светска промоција на „Sto je moje to ce doci“: Погледнете го новиот спот на Дарио!

Оригинален како и секогаш, Дарио подготви спот за песната „Sto je moje to ce doci“…
Пред некои два месеци на аудио верзијата на „Sto je moje to ce doci“, Бруно Панковски преку Ана Буќевиќ упати покана до сите кои сакаат да учествуваат во спотот да испратат видео снимка како пеат и уживаат во овие ноти. Се браше секој што ќе сака да го има во спотот да испрати име и презиме како и каде е снимено со што ќе дадат согласност дека видеото може да се користи за спотот.


Конечно, светска промоција на нашиот видео спот, објави пејачот Дарио Панковски на својот Фејсбук профил.
„Ви благодарам на сите, од Америка преку цела Европа и нашиот Балкан, па се’ до Австралија, бевте прекрасни!! Имаше стотици ваши снимки и искористивме најмногу што можевме, а тоа беше претешко, верувајте. Неверојатно и импозантно е колку позитивна енергија, љубов, среќа, живот и вортекс има во само еден видео спот. Уживајте“, напиша Дарио.

„Sto je moje to ce doci“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …