(ВИДЕО) Стив Фарел во нов трејлер од „Вселенски сили“ – нова хумористична срија на „Нетфликс“

Прикажувањето на серијата треба да почне на 29. мај на „Нетфликс“
По цело десетлетие откако заврши светскиот хит „Канцеларија“, Стив Карел се враќа во нова хумористична серија. Станува збор за „Space force“ (Вселенски сили), на Нетфликс.
По објавувањето на новиот трејлер, обожавателите на комичарот коментираат дека смислата за хумор е истата.
Во новата научнофантастична комедија, Карел го глуми искусниот пилот и генерал Марк Нерд.
„Ќе има недостатоци! Но, големината никогаш не се стекнува без жртви!“, вели генералот во трејлерот.
Прикажувањето на серијата треба да почне на 29. мај.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден почина великанот на македонското глумиште Дарко Дамески

Дарко Дамески е роден во Прилеп на 12 мај 1932 година. Тој беше еден од …