(ВИДЕО) Секогаш со него: Италијанец на раката си ја истетовирал ковид потврдата

Видеото објавено на TikTok покажува како се подготвува да влезе во Мекдоналдс и ја крева раката. Чуварот на вратата потоа го скенира QR
Ниту череп, ниту змеј, ниту срце прободено со стрела: 22-годишен италијански студент има истетовирано QR-код на раката што докажува дека е вакциниран против „Ковид-19“.
Андреа Колоне, која живее во Реџо Калабрија, на југот на Италија, ќе треба само да го засука ракавот на влезот во ресторан или кино и да ја покаже тетоважата на левата рака.

@gabrielepelleronerealGREEN pass tattoo #tatuaggi #tattoo #tatuatori #greenpass #tatuaggio


♬ LIMITS THE SKY – Mpax


„Оригинално е, сакам да се разликувам“, изјавил за весникот Corriere della Calabria, откако станале познати неговите фотографии на Инстаграм и Тикток.
Неговите родители, објаснил тој, не биле толку воодушевени. „Ме поттикнаа… да бидам помалку импулсивен и да размислувам малку подобро пред да делувам“, рекол тој.

@gabrielepelleronerealGreen pass tatuato, scan al Mc. #tatuaggi #tatuatori #mcdonalds #mc #greenpass


♬ suono originale – gabrielepellerone

Видеото објавено на TikTok покажува како се подготвува да влезе во Мекдоналдс и ја крева раката. Чуварот на вратата потоа го скенира QR -кодот, но снимката застанува таму, па не е познато дали навистина необичната тетоважа му дозволила да влезе и да си купи хамбургер.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …