(ВИДЕО) После 28. години: Уште еден скеч од “Топ листа надреалиста“ се претворил во реалност!

Овие денови се покажало дека Надреалистите претскажале уште еден настан…
Во време кога настанувала ТВ серијата „Топ листа надреалиста“ со остриот хумор на просторите на бивша Југославија освоила милиони гледачи. Со распаѓањето на заедничката држава култната серија не загубила на популарност, напротив се покажало дека култните Надреалисти предвиделе многу работи, за што сведочат видеата на Јутјуб…
Овие денови се покажало дека Надреалисти претскажале уште еден настан. Имено на 11. април 2019. година, министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, заедно со неколку партиски колеги од владеачката српска напредна странка (СНС) најавил штрајк со глад…во знак на протест против опозицијата во Србија!
Не е шега, туку сурова реалност и потсетување на култниот скеч на надреалистите – „Штрајк на власта“ од 1991. година. Во меѓувреме Вулин се откажал од штрајкот, но останал горок вкус после 28. години да се обистини уште еден скеч на легендарната сараевска екипа.
Погледнете:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …