(ВИДЕО) Погледнете го трејлерот за новиот хорор: „Ова е навистина вознемирувачки филм!“

Објавен е трејлерот за новиот хорор филм „Saint Maude“, а фановите на продуцентската куќа „А24“ веќе коментираат дека не можат да го дочекаат филмот.
Филмот во киносалите, пренесува Unilad, треба да се појави на 1. јули следната година а се опишува како „хорор филм што ги искривува жанровите“.
Тоа е режисерското деби на режисерот Роуз Глас, „храбра и оригинална визија за вера, лудило и спасение и за светот што потклекнал“.


Ја следиме приказната за Мауд, млада медицинска сестра која се грижи за жена на умирање и станува опседнато со идејата да ја спаси душата на нејзиниот пациент, но темните сили и застануваат на патот, како и нејзините сопствени гревови од минатото.
Иако трејлерот штотуку е објавен, филмот на IMDB има рејтинг од 7,2, а импресивни 93 проценти на страницата Roten Tomatos.
Филмот, исто така, го пофалил и со Оскар наградениот режисер, Дени Бојл.
„Ова е навистина вознемирувачки и интригирачки филм. Провоцира силувања како ‘Кери’,’Егзорцистот’ и ‘Под кожата’“, рекол Бојл.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …