(ВИДЕО) Огромен облак чад од МАРИХУАНА го прекрил градот, извршена е „опуштена“ евакуација

Запалувањето на запленета дрога тргнало наопаку…
Жителите на градот Бела, кој се наоѓа во близина на Меделин во Колумбија, во вторникот мислеле дека се сведоци на нормален пожар кога виделе густ сивкав чад над градот, но кога до нив допрел силниот мирис на марихуана, сфатиле дека се во вонредна ситуација.
И навистина, против своја волја, граѓаните добиле можност да се опуштат, а покровители на настанот биле службениците на Националната полиција, припадниците на армијата и пожарникарите.


Имено, тој ден властите одлучиле да запалат 1.678 килограми канабис, запленети на крајот на јуни во Богота, но „изведувачите на работата“ малку погрешно пресметале, бидејќи не ја земале предвид временската прогноза.
Жителите на неколку облакодери морале да бидат евакуирани бидејќи чад ги исполнувал нивните домови околу еден час, но немало поголеми проблеми.


Порталот Ultima Ora спомнал дека имало само „неколку надуени граѓани“, додека некои оправдано го изразија својот гнев бидејќи и децата биле изложени на влијанието на облаците.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …