(ВИДЕО) Никола Зац го промовираше синглот „Мојот пат“

После одличниот прв сингл “Срцето мое тука чука” кој предизвика огромен интерес кај македонската јавност и доби многу позитивни критики, Никола Зацески или “Волшебниот Глас” и неговиот тим, во овие празнични денови ни подаруваат преубав поклон, втор сингл со наслов “Мојот Пат”.
“Огромна Благодарност до целиот тим кој работеше со голема посветеност на овој проект, огромна Благодарност и до сите мои роднини и пријатели за поддршката.Посебно би ги издвоил сите мои фанови кои после првиот сингл ми возвратија со неверојатна позитивна енергија и љубов. Љубовта за мене е основната инспирација и мотивација и од таму произлезе и мојот втор сингл ‘Мојот Пат'”, ни рече Никола Зац.”‘Мојот Пат’ е едноставен, искрен со чиста љубов и од срце. Се надевам дека во овие лоши моменти барем за малку ќе го исполни и Вашето срце со љубов и позитивна енергија” порачува Никола Зац


Музика / Аранжман/Продукција: Николче Мицевски
Текст: Борче Нечовски
Студио: XL Момироски
Пратечки вокал: Марта Еминовиќ
Видео Продукција и Режија: Пеце Здравковски
Дрон: Александар Вајдевски
Модел: Јована Јовановска
Благодарност до: Boutique Dani Classic Boutique Classic


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …