(ВИДЕО) Незаборавно искуство – Дрејк ја воодушевил публиката на концертот со посебен гест: Бремена обожавателка наградил со ВИП билет и пари

Раперот Дрејк уште еднаш ја воодушевил публиката на својот концерт во Сиднеј.
Имено, неговата обожавателка Тијана Хендерсон привлекла внимание на неговиот настап бидејќи држела транспарент на кој пишувало дека е бремена во 20 недела. Дрејк ја забележал во толпата и решил да ја повика.


„Бегај од гужвата“, ѝ рекол Дрејк.
Тој му наредил на својот асистент да и обезбеди ВИП билети на неговата обожавателка и да и донира 30.000 долари. Тијана му се заблагодарила на Дрејк за оваа постапка и изјавила: „Толку многу те сакам и никогаш нема да го заборавам ова искуство“.
Таа потврдила дека овој чин на Дрејк ќе и остане во посебно сеќавање и е незаборавен за неа. За потсетување, правниот тим на Дрејк на почетокот на овој месец поднесе тужба за клевета поради песната на Кендрик Ламар, „Not Like Us“, која ја изведе на Super Bowl.
Ламар и Дрејк порано биле пријатели, но тоа веќе не е така и неодамна кулминираше кога канадскиот рапер покренал тужба за клевета поради хитот на Ламар од 2024 година „Not Like Us“.

Фото: Принтскрин/Х


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „Лицето му е позатегнато од ТАПАН, наскоро нема да може ни да трепне“: Бред Пит е мета на потсмев, фановите тврдат дека ПОЗНАТИОТ АКТЕР претерал со ботокс

Познатиот актер Бред Пит со години важи за еден од најпосакуваните мажи во Холивуд. Иако …