(ВИДЕО) НЕВИДЕН ТАЛЕНТ: Ги пее и’ Селин Дион и Андреа Бочели- во една песна!

Да ги гледате Селин Дион и Бочели во дует е секако неверојатно и уникатно искуство, но има човек кој може да го испее тоа – без никаков проблем.
35-годишниот Марселито Помој, од Филипини, ја кренал на нозе публиката за време на настапот во „Америка има талент: Шампиони“, новата верзија на популарниот музички натпревар во кој учествуваат победниците и натпреварувачите од претходните сезони од цел свет.
Помој во 2011-та година победил во филипинската верзија, а зад себе веќе има два објавени студиски албуми.
Тој се вратил, на голема врата на натпреварот, пеејќи ја симфониската балада „The Prayer“, која инаку ја изведуваат Селин Дион и Андреа Бочели.
На сцената му се придружила и сопругата како емотивна поддршка, додека во жирито седеле познатите Сајмон Кауел, Хајди Клум, Елиша Диксон и Хјуи Мендел.
Иако Помој бил видно нервозен на сцената, одлучно му потврдил на Кауел дека ќе биде победник оваа сезона, на воодушевување на публиката.


Потоа почнала музиката, а вештините кои ги покажал Помој дефинитивно се несекојдневни.
Почнал да пее како Селин Дион – истенчен сопран, а потоа, на изненадување на сите и без мака се префрлил на длабокиот тенор на Андреа Бочели.
Како што течела песната, Помој продолжил да се префрлува од еден глас на друг, поради што заслужил громогласни овации.
„Господе! Ова беше многу уникатно! Ти си еден прекрасен, неверојатен пејач во кој е заробена млада жена“, рекол Хјуи воодушевено, додека Елиша истакнала дека сакала да слушне нешто поинакво и посебно и дека тој ѝ го овозможил тоа искуство.
„Беше апсолутно брилијантен“, истакнала Елиша.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …