(ВИДЕО) Необични казни за неносење на заштитни маски и непочитување на мерките – од јавен срам до затвор!

Луѓето ширум светот протестираат против мерките воведени поради вирусот корона. Многумина се лути од големите казни изречени од надлежните за не носење маска. И’ додека во некои европски земји може да бидете казнети со казна помеѓу 20. и неколку стотици евра на прошетка без маска, во Индонезија би биле принудени да ја „решите“ вашата глоба на поинаков начин.
Имено, како што дури и удар во џеб не ги цивилизирал граѓаните и ги принудил да носат заштитна опрема, полицијата започнала да применува нов систем на принуда – јавен срам.
Па така, пред неколку дена, еден дечко кој минал контролен пункт без да носи маска, мораше да направи склекови пред полицаец.
Тие не се единствените кои спроведуваат „чудни мерки“. Во Тајланд, еден дечко морал да вика додека ја пее химната на сред улица. На Јава, оние што не ги почитуваат мерките, биле присилени да одат на погребите на жртвите од вирусот корона, за да им дојде памет.
Исто така, имало случаи кога граѓаните морале да чистат јавни места и да носат портокалов елек на кој пишуваше „Ги прекршив мерките на здравствените службеници“.


За сите оние што мислат дека ова е суров начин на казнување, треба да истражат што се случува во Гана. Таму граѓаните можат да добијат до 10. години затвор за непочитување на мерките и да платат казна од 8.800 евра ако бидат фатени без маска.
Во Тајланд, семејство од Швајцарија било осудено на два месеци затвор затоа што вечерале во дворот кога започнал полицискиот час. Тие биле фатени од полицијата како јадеат супа во дворот 20. минути по почетокот на полицискиот час и веднаш биле приведени.
Сопственикот на ресторан во Малезија издржува затворска казна од пет месеци, бидејќи го оставил ресторанот да работи, иако бил сместен во изолација заради вирусот корона…
Во Сингапур, таксист бил осуден на четири месеци затвор, бидејќи во април објавил статус на Фејсбук во кој напишал дека слушнал дека продавниците ќе работат само двапати неделно. Иако тој ја избришал објавата по 15 минути, граѓаните почна во паника да купуваат, а тој бил осуден за предизвикување паника и ширење лажни вести.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави режисерот Константин Плевнеш

Константин Плевнеш е роден на 4 мај 1982 година во Скопје, во семејството на познатиот …