(ВИДЕО) КОГА ВУЛКАНОТ ЌЕ ЗДИВЕЕ: Етна се разбуди, лавата достигала и до стотици метри во висина!

Се разбудил најголемиот и највисок активен вулкан во Европа, Етна, објавија италијанските медиуми.
Лавата од Етна еруптирала во две краци, првиот се упатил кон напуштената долина Бове, а втората се излеала во северниот дел на кратерот на вулканот.
Ерупцијата на лавата, проследена со облак пепел, кој достигнал неколку стотици метри, бил спектакуларен, изјавиле очевидците, пишува британски Експрес.
Вулканскиот пепел ги покрил автомобилите во селата на Сицилија, откако југоисточниот кратер на вулканот исфрлил вжештена лава.
Локалните власти известија дека црн пепел бил пронајден и на места на дваесетина километри од Етна.
Ерупцијата била видлива и од градот Таормина, оддалечен педесетина километри.


Експрес потсетува дека на Бадник 2018 година, поради ерупцијата на Етна, бил прекинатиот воздушен сообраќај, и дека четири дена после тоа, земјотрес со јачина од 4,9 степени, со епицентар во близина на градот Катанија, го потресол островот.

Фото: Принтскрин/youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …