(ВИДЕО) Христијан Мицкоски во „Еден на еден“: Политичарот во подруго издание и со откривање на многу тајни!

Отворено и одблизу со политичарот, лидерот, професорот, сопругот, родителот, граѓанинот… Христијан Мицкоски во едно поинакво светло, каков што досега не сте го знаеле.
Христијан Мицкоски во недела, на 19-ти јануари во 18.30 на ТВ „Канал 5“ ќе му биде специјален гостин на Жаре Димитровски во шоуто „Еден на еден“.


Во опуштена атмосфера, насмеан и расположен раскажува многу интересни нешта што луѓето за него до сега не ги слушнале и не ги знаат. За сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници.
Во емисијата тој раскажува многу приказни што луѓето за него не ги знаат. За сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници. Има и игри кои беа интересен предизвик за Мицковки. И малку музика…


Затоа не пропуштајте да дознаете колку Мицкоски се разбира во музика, да видите кој ќе победи „1 на 1“ во фудбалче на маса, а кој на 12-ти април и која песна ќе се пее тој ден… И сетоа во „Еден на еден“ со Жаре, во недела, на 19-ти јануари во 18.30 на ТВ „Канал 5“.


ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – 1НА1, НАЈАВА


Мини фудбалски натпревар, погодување песни, приватни приказни што никаде не ги раскажал… Христијан Мицкоски во #1на1, во досега невидено издание. Недела, Канал 5 од 18.30.

Gepostet von Eden na Eden am Donnerstag, 16. Januar 2020

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …