(ВИДЕО+ФОТО) Приредила ноќ за паметење – Лепа Брена на новогодишната ноќ настапила во Белград, на настапот се појавила со патерици


Лепа Брена синоќа настапила во белградскиот Сава центар, а на концертот пристигнала со патерици поради неодамнешна повреда на скочниот зглоб.
За време на настапот седнала на специјално дизајнирано столче, а за новогодишниот концерт се одлучила за долг фустан со сребрени светки. Аутфитот го комплетирала со сребрени обетки.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by LEPA BRENA (@brenanews)


Повредата не ја спречила да создаде позитивна атмосфера меѓу белградската публика и била исклучително расположена во текот на целиот концерт.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by LEPA BRENA (@lepabrenadiva)

Нејзината повреда се случи на еден од претходните концерти во Загреб, кога член на техничката екипа падна од бината во спуштен лифт и се здоби со полесни телесни повреди, а сето тоа додека Лепа Брена била во лифтот и го чекала своето појавување пред публиката.
Лепа Брена и покрај повредата решила да продолжи да пее, а по тој настап била оперирана во Загреб. Концертите што таа требаше да ги одржи на 10 и 16 декември во Арена Загреб беа одложени за 21 и 22 март годинава.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од Католички Божик и за нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Денешното утро повторно во Македонија беше значително ладно и во поголем дел од Македонија и …