(ВИДЕО+ФОТО) Британскиот магазин GQ ги доделил наградите за мажи на годината!

Лондон вчера бил во центарот на вниманието и домаќин на модните икони, актери, музичари, продуценти.

Погледнете кој се’ беше награден на овогодинешните награди.Пристигна и тој момент од годината кога најголемите имиња во модата, музиката и културата доаѓаат во Лондон за британските награди на магазинот GQ за мажи на годината. Овогодинешното издание се случи вчеравечер во Тејт Модерн, чиј домаќин беше Марк Стронг.


Награда доби актерот од Војната на ѕвездите, Марк Хамил чија награда му беше врачена од страна на Симон Пег. Поранешниот член на One Direction, Зејн Малик, кој се најде на насловната страна на магазинот доби награда за најпозната стилска икона. Специјалната награда отиде во рацете на уредникот на драмата Stranger Things која се емитува на Нетфликс, ѕвездата на Suicide Squad, Џаред Лето беше прогласен за актер на годината. Поранешниот фронтмен на Оазис, Лијам Галагер беше прогласен за рок – ѕвезда на годината.

Рита Ора, Гордон Ремзи и Џејден Смит беа само дел од славните гости кои им ги врачуваа наградите на победиците.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …