(ВИДЕО) Чудото на природата кое не престанува да ги привлекува туристите: Црвената плажа Панџин

Необична природа каква што ретко може да се види.
Плажата Панџин во покраината Лиаонинг на североистокот од Кина е најголемото мочуриште во државата.
Панџин е “дом” на реткото растение Suaeda, кое за разлика од останатите билки му е потребно солено земјиште за да опстане. На лето, оваа билка е зелена па затоа плажата не се разликува многу од другите краеви на планетата. Меѓутоа, кога билката ќе почне да созрева на есен, листовите добиваат црвена боја, сè додека не станат пурпурни.

Како последица на тоа, 132 квадратни километри се претвораат во темноцрвен “тепих” кој се простира до каде што достигнува погледот, па затоа не е ни чудно што овој преубав призор мами голем број на туристи ширум светот.
Иако делува пусто, црвената плажа има богат и разновиден животински свет – таа е дом на 260 различни видови на птици, вклучувајќи го и загрозениот јапонски жерав, како и 400 различни видови на диви животни.
Плажата Панџин која се наоѓа во заштитен природен резерват во делтата на реката Лиаохе, секоја година ја посетуваат илјадници туристи.


Панџин е долга 26 километри и широка речиси еден километар.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …