(ВИДЕО) Barcelona Gipsy Balkan Orchestra (БГКО) повторно ги освои љубителите на музиката: Енергија која освојува и понесува!

Синоќа во Филхармонија се одржа солистичкиот концерт на еден од најиновативните бендови од поновата генерација, оркестарот чија музика допира директно до срцата…

БГКО во годината пред нас полни 13 години музицирање на сцената, творештво и интерпретација на уникатен звук кој ги заробува срцата и умовите на публиката ширум светот. За нив не постојат граници, апсолутно никакви, а нивната музика инспирирана од различни музички традиции од Балканот, но и светот е емотивно патување кое донесува уникатно и автентично искуство, какво што уште еднаш видовме (по она во 2022 година) – и едноставно незаборавно.


Сицилијанската пејачка Маргерита Абита, која на членовите на Barcelona Gipsy BalKan Orchestra (БГКО) им се придружи во ноември 2019 година и донесе нови вкусови, свежа енергија и нова суштина во оркестарот, што зад себе има 7 студиски албуми, настапи во повеќе од 40 земји и лојална база на фанови на BGKO Јутјуб-каналот, во Скопје доаѓа придружувана од Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Алберт Енкаминанко (перкусии, Шпанија), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон (кларинет, Шпанија), Олександр Сора (виолина, Украина) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија).

БГКО е меѓународна формација од која произлегуваат најдобрите аранжмани, каде што секој инструмент има свое место и простор. Текстурите и тембрите се фино измешани во служба на секоја песна, од евоцирање емоции до френетичен транс ритам, а интересно е дека на нивниот репертоар свое место имаат и неповторливите „Море сокол пие”, „Македонско девојче”, „Kaleja Jaca”, ведрата и танцувачка румба на Есма Реџепова-Теодосиевска…


Приказната не завршува тука, ниту нивната музичка и творечка, ниту делот кој го испишаа синоќа заедно со македонската публика.
Концертот на БГКО беше уникатно музичко патување со неверојатната музичка формација која освојува на прва – од првото појавување на музичарите до последната песна тоа беше незаборавна вечер која ги освои и наполни срцата и на најпребирливите музички сладокусци.

Публиката пак дишеше во ист ритам со БГКО, пееј, скандираа, стоеа, аплаудираа – и покажуваа дека оваа музичка магија ги освои, но и дека долго време ќе се навраќаат на музиката и настапот на овие музички илузионисти.


Гостин на концертот беше Зарина Парасевда, македонски уметник, музичар.

Балансирајќи го своето богато наследство со автентичното самоизразување, македонската уметница Зарина Првасевда има вокална техника која е вкоренета во источноевропските и ориенталните традиции, пренесувајќи ја срдечноста и свежината на македонскиот фолклор.

Таа уште еднаш покажадекае уникатна и оригинална а нејзината љубовкон традиционалната песна е нешто со кое можете самодасе родите. И’ таа ја распеа публиката а со Маргарета Абита,возаедничкиотнастап,едноставно освојуваа…

Сите кои синоќа беа во Филхармонија, на концертот на БГКО, си заминаа со полни срца и многу, многу позитивна енергија која им ја пренесоа неповторливите членови на Barcelona Gipsy Balkan Orchestra.

Г.О.
Видео: Јасмина Лукановска

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѓубреџија пронашол куп хартии во ѓубре, а внатре имало МРАЧНИ ТАЈНИ НА ПОЗНАТАТА АКТЕРКА која е во трка за Оскар: Го изневерила сопругот ДЕН ПРЕД СВАДБАТА, а мајка и ЈА ПРОДАЛА ЗА 500 ДОЛАРИ

Само неколку дена пред доделувањето на Оскарите, Деми Мур наместо да се фокусира на подготовката …