Вечерва во Народниот Театар во Штип игра театарската комедија „Lé Кретен“

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Народниот Театар во Штип ќе може да ја погледнете театарската комедија „Lé Кретен“.

„Lé Кретен“ е приказна за осаменоста, опсесијата и посесивноста раскажана преку приказната на фотографот Пињон, човек кој не може да се помири дека неговата сакана Луиз го напуштила за својот психијатар. Тој престојува во хотелот за да ја изврши својата работна задача – од хотелската соба да го фотографира влегувањето во судската палата на еден важен осуденик за кого се стравува дека можно е да му биде извршен атентат.


Иако смета дека неговата работа е од огромно значење, Пињон не ја пропушта можноста да ѝ се јави на својата бивша сопруга и да ја моли да му се врати. Но, не знае дека во другата соба е токму оној кој треба да го изврши атентатот, човек кој Пињон почнува да го смета за свој најдобар пријател…

Играат:
Миле Вратеовски
Пеце Ристевски
Елена Шорова Дербов
Владимир Тулиев
Анѓелка Нашкова
Даријан Петров


Режија: Никола Ристов
Драматург: Весна Куслеска
Јазична адаптација (редакција) на текст: Габриела Коцева Тулиев
Превод: Миле Вратеовски
Комплетна визуелизација на сцена и костими:
Анѓелка Нашкова
Елена Шорова Дербов
Избор на музика: Никола Ристов
Суфлер / Инспициент: Лидија Рогожарева
Шивач / Мајстор / Кројач: Панче Стојменов
Гардеробер: Верица Давчева
Тон мајстор: Александар Талевски
Светло мајстор: Методи Саздов, Ристе Стојановски
Декоратери: Ѓогри Чапов, Петре Иванов, Јордан Петров
Графички дизајн: Никола Ристов
Издавач: НУЦК “Ацо Шопов“ – Театар Штип
За издавачот: Горан Трајков

Цената на билетот изнесува 200 денари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …