Успешна година го очекува младиот и талентиран Методија Столески

Методија Столески и “Балканика” бенд од Словенија направија вистински бум на дочекот на Стара Нова Година во Крањ Словенија. Методија пееше до раните утрински часови во преполна сала.

Минатата 2023 година имаше успешна година. Покрај учеството на неколку фестивали 2023 му еше исполнета со многу свадбени и друг вид веселби, селски слави. Исто така со група “Седенка” направи проект со сплетови со убави македонски песни во дует со познатата пејачка Елена Андоновска.


За 2024 Методија ќе има нови проекти со нови сплетови песни и спотови. Има и понуди за гостувања во Германија, Швајцарија, Австрија , ќе има и настапи на фестивали.

За 2024 година има закажани над 20 свадби.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …